ИСТРАЖУВАЊЕ покажало дека мозочниот удар погодува една од пет жени.
Чест проблем е фактот дека постојат неколку суптилни знаци кај жените кои ретко кој ги поврзува со мозочен удар.
Мажите и жените кои доживуваат мозочен удар често имаат слични симптоми, како што се sвенато лице, слабост на рацете и тешкотии во зборувањето, гледањето, одењето или балансирањето.
Но, кај некои жени има други, посуптилни симптоми кои често ги игнорираат, што може да биде фатално.
Имено, жените почесто имаат нетипични и многу нејасни симптоми. Тие можат да започнат со екстремен замор, збунетост или општа слабост.
Професорот по неврологија Пуја Катри наведува дека секоја жена треба да внимава на секоја ненадејна промена или невообичаена функција на телото.
„Многу жени често ги игнорираат симптомите како што се ненадејна, невообичаено силна главоболка ако се навикнати на главоболки воопшто. Тие исто така можат да го обвинат стресот за отежнато одење, исцрпеноста, збунетоста и општата слабост. Гадење или повраќање често се припишуваат на вирусни заболувања, а всушност сето тоа се можни знаци на мозочен удар“, забележува Катри, додавајќи дека токму поради тоа е клучно да се фокусираме на кој било ненадеен симптом што не можеме да го објасниме.