МПЦ го осуди нападот на Царкњас

од Nikola Popovski
373 прегледи

До Архиепископот г.г. Стефан и до Македонската православна црква (МПЦ) не е дојдена никаква официјална информација за нападот на Архимандритот Никодим Царкњас, вклучително и од самиот свештеник, информираа попладнево од МПЦ за „Локално“.

Од таму потенцираат дека Царкњас е во редовна комуникација со МПЦ.

-Ниту Архиепископот, ниту Црквата имаат став по однос на ова прашање што го читаме по медиумите. Се разбира, МПЦ отсекогаш била и ќе биде против која било форма на насилство, против кого и за каква било цел. Сепак, навистина за наведениот настан немаме податок, посочија од кабинетот на г.г. Стефан.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) денеска преку соопштение информираше дека Архимандритот бил нападнат од млади Грци пред околу десетина дена.

Од ОМД истакнуваат дека Царкњас додека се возел дома, намерно му бил блокиран патот од две возила, спречувајќи го да помине.

-Откако учтиво побарале од групата да ги преместат возилата што блокираат, тие почнале вербално да го напаѓаат со лични и верски навреди. Тие потоа го засилиле нападот така што му го оштетиле и го скршиле стаклото од автомобилот и се обиделе да влезат во автомобилот за физички да го повредат. За среќа, архимандритот Царкњас успеал да избегне дополнителна повреда и ја напуштил областа што е можно побрзо. Тој веднаш го пријавил настанот во локалната полиција и поднел тужби против сторителите, велат од ОМД и апелираа до грчката влада, странските делегации во Грција, Хелсиншкиот комитет во Грција и Европскиот суд за човекови права, да стават крај на овие неоправдани напади врз малцинските групи во Грција.

Слични содржини