МР Балкан ќе ги собере регионалните научници по петти пат

од desk4
195 прегледи

  Македонскиот невронаучник Никола Стиков, во соработка со своите колеги Богдан Драгански, Јадранка Стојановска и Томи Бошковски, по петти пат го организира регионалниот научен собир МРБалкан.орг, кој ќе се одржи во Софија од 12 до 14 септември.

По успехот на првите четири конференции – првите две во земјава (2008 и 2011), третата во Турција (2014) и четвртата во Словенија (2017) – и на годинашниот собир ќе се разгледуваат различни аспекти на снимањето со магнетната резонанција, од основите па сè до најновите откритија во областа.

Дваесетина светски познати научници ќе ги претстават своите истражувања пред публика од радиолози, невролози, кардиолози, хирурзи, биомедицински инженери и физичари од Бугарија и Северна Македонија. Меѓу говорниците се Дејвид ван Есен од Медицинскиот универзитет Вашингтон во Сент Луис, САД, како и Стив Смит и Карла Милер од Универзитетот Оксфорд, Велика Британија.

Стиков раководи со Истражувачката лабораторија за невроснимање при Политехничкиот факултет на Универзитетот во Монтреал. Веќе десет години ја развива регионалната мрежа за соработка меѓу професионалците што се занимаваат со магнетна резонанција низ Балканот.

Слични содржини