Мразам, но гласам – зошто циничните политичари ја добиваат власта?

од desk3
158 прегледи

Во големата политика, личноста сеуште игра голема улога. Демократијата постои за да ги избираме најдостојните, но во пракса се покажува дека “темните” црти на личноста почесто се крунисани со успех.

0884268001476706545_574687_292x224
За време на претседателските избори во САД Доналд Трамп беше обвинуван за расизам, ги навредуваше жените, му се подбиваа со фризурата. Хилари Клинтон стекна репутација на цинична и лицемери жена. Но, токму тие двајцата излегоа на врвот. Што е објаснувањето?

Формулата на народната љубов

Многумина психолози се обидоа да разберат што ги прави луѓето истовремено привлечни и одвратни со помош на тест, наречен “големата петорка”, кој е често користен од HR професионалци и училишните психолози, пишува psychologies.ru. Тестот вклучува во себе пет индикатори: екстравертност (до колку сте социјализирани), добронамерност, совесност, невротизам (до колку сте емоционално отпорни) и отвореност кон ново искуство. Методот често е критикуван поради неспособноста да ја утврди склоноста на човекот кон антисоцијално однесување (лага или дволичност.) Вештината да се привлечат луѓето кон себе, да се добие нивната доверба, а потоа без жал да ги исфрлиш кога ти е поволно – е класична тактика на социопатите.

Недостигачкиот показател “честност- склоност кон измама” постои во тестот HEXACO. Канадските психолози го разгледаа профилот на двајцата кандидати за претседател на САД и утврдиле и кај двајцата карактеристики кои се однесуваат на т.н.. “Темна тријада” (нарцизам, психопатија, макиавелизам.) Според зборовите на експертите ниските индикатори според Рихтеровата “честност- скромност” значат дека човек е склон да ги “манипулира останатите, да ги експлоатира, да се мисли за важен и незаменлив, да ги крши нормите на однесување за своја корист. “Комбинацијата со други црти покажува до колку добро човек е способен да ги сокрие вистинските намери и какви методи преферира да користи за постигнување на своите цели. Токму општата комбинација определува дали ќе стане некоја личност во изнудвач, успешен берзански посредник или политичар.
Хилари Клинтон добива ниски оценки во категоријата “чесност-скромност” и “емоционалност”, што укажува дека таа поседува некои “макиавелистки” карактеристики. Доналд Трамп е уште поблиску до овој тип: психолозите го дефинирале како бескрупулозен, недобропожелателен и нескромен. “Личноста му одговара на психопат и нарцис, тврдат авторите на студијата. – Таквите очигледно антисоциални црти вчудоневидуваат зошто Трамп е поддржан од толку многу Американци. “Силните се секогаш малку груби …. Свесни за крајно антисоцијалниот карактер на личноста на Трамп се поставува прашањето: “Како доби такво признание?”
“Една од можните опции е онаа дека луѓето го гледаат не како човек со кого ќе им се наложи да си имаат работа во приватноста, туку како пример за успешен човек кој ги постигнува своите цели. “, коментираат научниците. Дури избирачите на Клинтон, не се срамат да споделат дека самите тие би сакале да личат на Трамп. Ниската одговорност може да биде поврзана со безкрупулозност во оценките, но да биде важен квалитет за еден претприемач или политичар, од кого се очекува одлучност и цврстина во опстојување на интересите на компанијата или земјата.

Ниската емоционална чувствителност може да привлече обвиненија суровост, но да е од помош во работата – на пример таму каде што е потребно да се носат сложени одлуки или да се преземе ризик. Нели токму тоа се очекува од лидерот?
Што беше погубно за соперничката на Трамп?
Според експертите против неа својата улога ја одиграа стереотипите: ликот на Клинтон воопшто не се врзува со оние критериуми според кои жената се оценува во општеството. Ова се однесува особено за такви индикатори како скромност и емоционалност. Според лингвистот Дебора Танан тоа е двојна стапица: општеството бара од жената да е прилагодлива и мека, а во политика тоа е тешко, да умее да командува и да го постигнува своето.