Секогаш можете да го препознаете вкусот на солено и слатко, но научниците го открија и вкусот на мастите, што може да е тајната за справувањето со дебелината.
Вкусот на мастите е “уникатен и не многу пријатен” и веќе го носи називот “oleogustus”. Тоа значи дека мрсното се приклучува на вкусовите – слатко, солено, горчливо, кисело.
Научниците од универзитетот Пердју, Индијана, се надеваат дека ќе го користат откритие за справување со глобалната криза на дебелината. Во Велика Британија 25 отсто од населението е со прекумерна тежина, во Франција, Италија и Шведска процентот е околу 10 проценти. Во САД 33 проценти од луѓето се со прекумерна тежина, покажуваат уште податоците на истражувањето.
Експертите веруваат дека штом официјално има вкус “мрсно”, претстои да бидат создадени многу негови замени, што ќе ја намали епидемијата со прекумерна тежина.