Мртов пијан превезувал патници со авобус во Хрватска, 3,16 промили алкохол во крвта

од desk2
103 прегледи

Дури 3,16 промили аклохол во крвта покажал алкотестот на еден 52-годишен хрватски возач на автобус, кој превезувал патници од Задар до Книн.


Како што соопшти хрватската полиција, тој возел автобус марка Волво, со загребски регистарски таблички, во сопственост на превозничка компанија од Загреб. Во моментот кога бил сопрен од полиција во автобусот имало патници.

Возачот до отрезнување е задржан во полиција, а против него ќе биде поднесена прекрочна или кривична пријава.