МСУ доби донација за реконструкција на скалите и платото

од Vladimir Zorba

Музејот на современата уметност е изграден од солидарност по земјотресот и веќе неколку години го има Еуролинк осигурување и Претседателот на Надзорен одбор, Олга Костовска за свој најголем поддржувач и пријател.

Со досегашната поддршка се олеснува реализацијата на редовните годишни активности и досега се реализирани неколку дополнителни проекти како што е отворањето на Музејската библиотека при Истражувачкиот центар при МСУ, издавање каталог на уметникот Петар Хаџи Бошков и реконструкција на бифето во музејот.

Со оваа лична донација наменета за Музејот на современата уметност, Костовска го одбележа својот 45-ти роденден и повторно ја подаде раката на оваа важна и репрезентативна институција во државата. Наместо подароци, овојпат Костовска и нејзините пријатели дадоа свој допринос за реконструкција на приодните скали и платото на музејот во вкупна вредност од 600.000 денари со што ќе се овозможи полесен пристап и нов, освежен изглед на платото, кои ќе го направат музејот поатрактивен за уште поголем број посетители и љубители на современата уметност.

Слични содржини