МЦМС: Корупцијата е на прво место на листата на најголеми проблеми на граѓаните

од Vladimir Zorba

Околу една третина од граѓаните (33,7 отсто) биле изложени на коруптивен притисок, а 32,9 отсто биле вклучени во корупција.

Во 2020 година, вкупно 82 лица биле осудени за злоупотреба на службената положба или поткуп

Граѓаните ги препознаваат судиите, министрите, пратениците, градоначалниците и обвинителите како најкорумпирани

Корупцијата е најголем проблем за граѓаните, за разлика од претходните години кога на првите три места беа егзистенцијалните прашања како невработеноста, сиромаштијата и ниските приходи, или политичката нестабилност. Ова го покажа последното истражување за проценка на корупцијата спроведено од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Вкупно 80 отсто од македонските граѓани сметаат дека желбата за брзо лично богатење на оние кои се на власт влијае на широката распространетост на корупцијата. Покрај тоа, значен фактор е и недостатокот на строга административна контрола на корупцијата, неспроведување на законите и недоволна заштита на лицата кои пријавуваат корупција.

Слични содржини