МТСП: Митревки останува претседател на ССМ

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Министерството за труд и социјална политика го поништи решението со кое претседателот Живко Митревски е разрешен од должноста претседател и на негово место назначен Дарко Димовски е наведено во соопштението од кабинетот на министерот за труд и социјална политика.

Во продолжение се вели дека причината за поништување на решението е поради тоа што истото е незаконито и нестатутарно, односно донесено е врз основа на фалсификувани документи. Од кабинетот на министерот велат дека Министерството за труд и социјална политика нема да дозволи да биде соучесник во донесување на решение кое е незаконито и претставува основ за поведување на кривична постапка.