МТСП: Со граѓанскиот сектор создаваме еднакво општество за сите

од Ивана Рамаданова
288 прегледи

Министерството за труд и социјална политика го честита јубилејот од 25 години постоење на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Изминатите две и пол децении овој Комитет, се вели во денешното соопштениет од МТСП, работи на заштита на човековите права и создавање на еднакво општество за сите, нешто што е основна определба и на актуелните политики во Министерството за труд и социјална политика.

„Министерството за труд и социјална политика изминатиот период имплементираше реформи со кои се преобразува целото општество и гарантира достоинствени услови за живот на секој поединец и дете. Овие реформи се засновани на еднаквоста, човечкото достоинство и слободата на поeдинецот“, стои во соопштението.

Годинава, се подвлекува, стапи на сила и новиот Закон за заштита и превенција од дискриминација, исто така изготвен од Министерството за труд и социјална политика. Ова законско решение овозможува превенција и еднаков пристап до механизмите за заштита од дискриминација подеднакво за сите граѓани.

„МТСП продолжува посветено да работи на создавање и спроведување на политики што имаат нулта толеранција за насилството врз жените и децата. Создаваме силно европско општество кое е темел на нашата држава, а тоа го правиме во партнерство со граѓанскиот сектор којшто е двигател на промените“, се вели во соопштението од МТСП.

Слични содржини