Му дале 1000 денари за да гласа, ги пријавил во полиција

од Nikola Popovski
484 прегледи

Жител на каменичкото село Цера, денеска во полициската станица во Македонска Каменица пријавил обид за поткуп за глас, за што, како што стои во полициското соопштение, му биле понудени 1000 денари во партиски штаб во Македонска Каменица.

-На 29.10.2021 во 11:50 часот 19 годишно машко лице од с.Цера, Македонска Каменица во Полициското одделение Македонска Каменица пријавило кривично дело по чл.162 ст.1 од КЗ на РСМ. Имено, според пријавата, тој, непосредно пред пријавувањето, бил повикан во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, каде од страна на В.В.од М.Каменица му биле дадени 1000 денари за да гласа за кандидатот за градоначалник од таа политичката партија.

Известен е Јавен обвинител, а В.В. е повикан во ПО Македонска Каменица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.

Слични содржини