Емили Хенд, осумгодишното ирско-израелско девојче за кое се веруваше дека е убиено во кибуцот Беери од терористите на Хамас, се верува дека е жива и меѓу заложниците во Газа.
Прво се мислеше дека Емили е една од најмалку 130-те луѓе убиени во смртоносниот масакр во кибуцот Беери, каде што ја поминала ноќта меѓу 6 и 7 октомври спиејќи во куќата на нејзина другарка.
Потоа, нејзиниот татко роден во Ирска, Томас Хенд, во емотивно интервју рече дека му е мило што слушнал дека неговата ќерка е мртва, бидејќи повеќе се плаши како ќе се однесуваат терористите на Хамас со неа.
🚨 PARENTS WERE RELIEVED SHE WAS DEAD RATHER THAN HOSTAGE WITH HAMAS | NOW FIND OUT SHE’S ALIVE AS HOSTAGE
– Emily Hand, an eight-year-old Irish-Israeli girl, was initially believed to have been killed by Hamas in Kibbutz Be'eri.
– Her father, Thomas Hand, had expressed relief… pic.twitter.com/9i76K0cPVv
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) November 6, 2023
Нејзините родители го поминаа последниот месец во жалост, но денес открија дека израелските власти им кажале дека Емили е заложничка на Хамас и најверојатно е некаде во Газа.
„Ни кажаа дека е убиена. Бевме во жалост, но на 31 октомври ни рекоа дека е голема веројатноста да е киднапирана“, изјавила нејзината постара сестра Натали Хенд за израелската телевизија Канал 12.
Кога Натали ја прашале дали има нешто што би сакала да ѝ каже на Емили, во случај да ја слуша, таа рекла: „Сакам да ти кажам дека правиме се што можеме за да те вратиме дома. Знаеме дека си заложник. Те сакаме и многу ни недостигаш“.
Според последните информации, ирскиот министер за правда изјавил дека се прават сите напори да се поддржи семејството и да се помогне во ослободувањето на осумгодишното ирско-израелско девојче.
Free Emily Hand pic.twitter.com/w3lzj0xVDK
— Barrier🇮🇱🇮🇪🇺🇸🇬🇧 (@Youaresleeping) November 6, 2023
Господинот Хенд, кој не е Евреин и е роден во приморски град во Република Ирска, во интервју за Си-Ен-Ен само неколку дена по бруталниот напад на Хамас врз Израел изјави:
„[Израелските власти] ни рекоа: ‘Ја најдовме Емили. Таа е мртва’, а јас само реков: ‘Да!’ Реков ‘да’ и се насмевнав, бидејќи за мене тоа е најдобрата вест под овие околности.
Таа беше или мртва или во Газа. И ако знаете нешто за тоа што им прават на луѓето во Газа, тоа е полошо од смртта. Не би имале храна. Не би имале вода. Би била во темна просторија исполнета со Христос знае колку луѓе и би била преплашена секоја минута, час, ден. Така што, смртта е благослов. Апсолутен благослов“, рекол тогаш Ханд.