Косовски државјанин пред два дена бил измамен за сума од 500 евра, известија од МВР.
Според полицијата, на 02.05.2023 во 12.00 часот во СВР Скопје, Ш.К. од Косово пријавил дека на подрачјето на Карпош бил измамен од едно лице за сума од 500 евра.
Според пријавеното, лицето му се доближило и го прашало дали сака да купи три камења – дијаманти од негов пријател од Кувајт, кој бил со него.
Како што е пријавено, тој му ги дал парите, по што лицата заминале, а тој по кратко време сфатил дека бил измамен.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.