Му се спротивстави на напаѓач со нож: Вработена спречи грабеж во обложувалница на Партизанска (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Храброста на вработената во спортската обложувалница во Скопје беше пречка крадец да го испразни сефот и да си замине со полн плен.

-На 21.02.2022 во 10.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански oдреди“ во спортска обложувалница едно лице со остар предмет ја нападнало вработената, по што откако не успеало да ги одземе парите го напуштило местото на настанот, информираат за „Локално“.

Оттаму додаваат дека на вработената и била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На социјалните мрежи се појави видео од обидот за грабеж кој можеше да заврши и трагично по животот на вработената.

Слични содржини