Му земале пари, но не му донеле дрва-измамен 73-годишен кумановец

од Берта Китинска

– Вчера во 13.15 часот во СВР Куманово 73-годишен маж пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 6.000 денари. Според пријавеното, откако лицето му понудило огревно дрво и тој му ги дал парите, се упатиле на местото каде наводно биле складирани дрвата. Притоа, како што стои во пријавата, лицето му кажало дека ќе се врати, откако ќе провери до каде е камионот за транспорт на дрва, но не се вратило, информираат од СВР Куманово.

Посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини