Муареми: Случајот со ЕВН Електрани е во тек, кај нас нема политички влијанија, претреси правиме често

од Берта Китинска
295 прегледи

Ќе ги објавиме сите предистраги што ги работевме изминатиот период. Јавноста треба да биде информирана, а ние сме транспарентни во тој дел. Ќе информираме за секој криминал што се случил во минатото и сега, вели Арафат Муареми, директор на Управата за финансиска полиција во гостувањето во Утрински брифинг.

За да се процесуиран еден криминален случај треба време и напорна истрага, вели Муареми.

-Во предметите кои што се од кривичен аспект треба време, бидејќи некој кој сакал да изврши кривично дело, да се збогати на криминален начин тоа може да се случува две- три години, а ние за да го откриеме како на кој начин го извршил кривичното дело нас ќе ни требаат 6 месеци за да дојдеме до доказите како го стекнал своето богатство. Треба време и начин да се дојде до клучните докази. Никој криминалец не вели „повели докази и апси ме“. Но клучна е соработката со обвинителството и на тој начин да се забрза постапката, вели Муареми.

Тој го коментираше и случајот со манипулациите со земјиште од страна на вработени во ЕВН за кој имаше реакции во јавноста и беше оквалификуван како политички притисок бидејќи во случајот беше вмешан татко на актуелен пратеник во Собранието.

-Случајот со ЕВН Електрани е во тек, кај нас нема политички влијанија, претреси правиме често. И ова требаше да остане тајно во предистрага но одредени луѓе излегоа и зборуваа за случајот. Да не излегоа тие случајот ќе се завршеше тајно со поднесок до Јавното обвинителство. Кај нас не е само еден случај кој се води за ЕВН туку има и други процеси кој верувам дека за брзо ќе бидат завршени и јавноста ќе биде информирана, Арафат Муареми, директор на управата за финансиска полиција.

Слични содржини