Венко Филипче: од една страна зборува за уставни измени, од друга страна за откажување од преговорите ако има ново вето. Таков пристап не носи сигурност, туку неизвесност за правецот во кој треба да оди државата, истакна денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во Фејсбук објава.
-Изминатите години видовме што значи политика на брзи потези и празни ветувања. СДС и ДУИ со секое ветување отвораа надеж, а со секој притисок ја поништуваа таа надеж. Заедничките документите што се носеа во Собранието не донесоа сила, туку слабост – беа дерогирани веднаш штом ќе се појавеше предизвик, нагласи Муцунски.
Тој вели дека патот што сега го поставуваат е поинаков, работат на решенија, кои носат траен напредок.
-Нашиот пат е поинаков. Работиме на решенија што носат траен напредок – не на блокади што се повторуваат. Подобро е да покажеме трпение и мудрост, отколку да направиме потег кој утре ќе биде уште поголем товар за државата. Тоа е државнички пристап: да мислиме на денес, на утре и на задутре, нагласи Муцунски.