Муцунски за надворешната политика: Недвосмислено сме ориентирани кон Европа и евроатлантското семејство

„Геополитичките предизвици со кои се соочуваат Европа и светот, со нагласок дека иднината не ја обликуваат институциите сами по себе, туку генерациите подготвени да преземат одговорност“

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Фејсбук/МНР

Геополитичките предизвици со кои се соочуваат Европа и светот, со нагласок дека иднината не ја обликуваат институциите сами по себе, туку генерациите подготвени да преземат одговорност, беа во фокусот на обраќањето на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на IYDU Freedom Forum во Скопје, чиј домаќин е Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

-Се сретнав со млади и локални лидери, како и со гости од повеќе земји – луѓе кои носат енергија, идеи и амбиции што секоја држава би ги посакала за својата иднина. Со нив разговарав за геополитичките предизвици со кои се соочуваат Европа и светот, нагласувајќи дека иднината не ја обликуваат институциите сами по себе, туку генерациите подготвени да преземат одговорност, напиша министерот на Фејсбук.

Говорејќи за надворешната политика на државата, додава дека патот веќе е јасно трасиран, со поставени стратешки темели, силни партнерства, реформски процеси и недвосмислена ориентација кон Европа и евроатлантското семејство.