Мудри цитати од Ван Гог

од Vladimir Zorba
738 прегледи

Тој е еден од најголемите сликари во историјата на ликовната уметност. Винсент ван Гог е автор на околу 900 слики и 1100 цртежи. Типични за неговите слики се светлите бои и шарената симболика.
Ван Гог е сметан за гениј на ликовната уметност, но го завршил земниот пат фатално со самоубиство како резултат на ментална болест. Холандскиот сликар останува познат не само по импресивните слики, но и инспиративните мисли. Делиме некои од нив.

“Сакајте многу работи, бидејќи во нив се крие вистинската сила и секој кој сака многу, врши многу и може да  постигне многу, а она што се прави во љубов, се развива добро.”

“Често мислам дека ноќта е жива и побогата од денот.”

” Љубовта е нешто вечно. Аспектот може да се промени, но не и суштината. ”

“Големите работи не се прават преку импулси, туку преку серија на мали нешта, собрани заедно.”

“Рибарите знаат дека морето е опасно и бурата е ужасна, но тие никогаш не нашле во овие опасности доволна причина да останат на брегот.”
“Советот е човечкиот компас.”

“Љубовта секогаш носи тешкотии, но добрата страна е дека тоа ѝ дава енергија.”

“Од моја страна не знам ништо сигурно, но глетката на ѕвездите ме тера да сонувам”

“Нема сино без жолто и без портокал.”

“Цртежот е коренот на сето, а времето поминато во него, всушност е целосен профит .”

“Ако човек е господар на едно нешто и се разбира едно нешто добро, во исто време има увид и разбирање за многу работи.”

“Каков би бил животот ако немавме храброст да промениме ништо?”

“Можеш да бидеш научник со научниците, но со уметникот треба да бидеш поет.”

“Успехот понекогаш е резултат од цела серија на неуспеси.”