277
Професорот и поранешен пратеник Ферид Мухиќ смета дека постои сериозна можност ситуацијата во Украина да ексалира.
-Ако имаме среќа да заврши како Сирија. Тоа е логика историска. Војните стануваат се пострашни. Суштината на војната е разумот лишен од советста, вели Мухиќ во емисијата „Само интервју“.
Според него, доколку Владимир Путин е доведен до ѕид, може да посегне по нуклеарно оружје за да ја реши војната.
-Сепак атомската бомба ја фрлија оние што ја направија, а тоа се научниците И пиштолот исто така е дело на интелигенција, без совест. Направен е за убивање луѓе, а не за ловење зајаци или мечки. Општеството е поразвиено отколку во Кубанската криза, вели Мухиќ.