Мухиќ: Како да ги внесеме Бугарите во Уставот, кога Македонците не се признаени во Бугарија?

од Nikola Popovski
109 прегледи

Барањето една држава-кандидат да го смени Уставот и да ги внесе припадниците на народот од државата која што одбива да ги внесе нашите во нивниот Устав – дали е таа обврска во согласност со правилата на ЕУ? Не можат да кажат дека е. Не постои таков преседан. Ќе се компротира целиот тој систем на европска правичност, вели професорот и академик, Ферид Мухиќ за европската интеграција на Македонија и условот за продожување на патот кон ЕУ.

Мухиќ истакна дека не е согласно прописите и нормите на ЕУ, тоа што Македонците не се признаени во Бугарија.

Академикот исто така забележува што ЕУ не сака да посредува во билатералниот спор меѓу Македонија и Бугарија, а во 2008 година Арбитражна комисија во спорот меѓу Хрватска и Словенија.

-Не се игра според правилата, дециден е Мухиќ.

-Не е само да се внесат, но зошто како конститутивен народ. Тоа се премолчи. Неодложено дејство-никогаш, констатира професорот во емисијата „Само интервју“.

Слични содржини