Недостигот на професионални работници не го заобиколува ниту транспортниот сообраќај. Долгото чекање на граничните премини особено меѓу земјите кои не се во ЕУ, според генералната секретарка на Асоцијацијата Макам-транс, Биљана Муратовска е една од главните причини возачите се почесто да се решат да дигнат раце од вршење превоз за македонските компании и да заминат на работа во некоја од државите членки на ЕУ.
Ова е нелојална конкуренција која влијае на недостатокот на професионални возачи што допринесува за нефункционалност на превозните средства во одредени периоди од една календарска година, немање на стручен квалификуван кадар преку средносто образование ( укинат е смерот – возач ), немање на програми за привлекување на млади кадри и сл., проблем кој засега не е решен со системски мерки од државата“, вели Муратовска во интервју за „Локално“.
Во однос на дополнителните контроли што веќе ги спроведуваат Словенија и Хрватска, Муратовска со загриженост коментира дека забраните и контролите на граничните премини, им штетат не само на превозниците туку и на економијата во целост.
„Се работи за нестандардни мерки кои се спроведуваат од сите страни, наместо да се пристапи кон проширување со дополнителни ленти на граничните премини , да се обезбедат оне стоп контроли, да се почитува Т1 /Т2 документи кои се финансиски гаранции низ сите држави каде се движат возилата…“набројува таа.
Дел од решението на овие проблеми, според Муратовска, е иницијативата Отворен Балкан со што вели таа, ќе се отвори поголем транспортен пазар неоптоварен со мал број меѓународни транспортни дозволи.
Пандемијата со Ковид 19, постојаниот раст на цената на нафтата, недоволниот број на меѓународни дозволи се само дел од проблематичните услови во кои секојдневно работат македонските превозници. Дали во транспортниот сообраќај недостигаат професионални возачи? Колкави се димензиите на овој проблем?
–Македонските превозници како и другите превозници од држави кои не се членки на ЕУ , се соочуваат со огромни бариери при вршење на својата дејност поради мал број на меѓународни тренспортни дозволи за пристап на транспортниот пазар од една страна, а од друга се почесто одредување на т.н транзитни коридори во државите од екс Југославија ( Хрватска, Србија и Словенија ) во последните три години за сообраќај на товарни моторни возила над 7,5Т со одредување на еден или два гранични премини за влез/излез од една во друга држава. Исто така голем проблем во сите држави па и во нашата е не функционирање на т.н зелени ленти за побрз проток на стока која се превезува во свежа состојба, опасни материи и празни возила, граничните премини се тесни грла кои продуцираат огромни колони за влез или излез од државата поради немање дополнителни ленти за товарни возила. Овој проблем го имаме на граничните премини за влез во државата од Грција, Бугарија, Косово, Србија и во спротивна насока, друга пречка се и граничните премини за влез од Србија во Унгарија , Романија и Хрватаска како порти на ЕУ , преку кој држави транзитираат огромен број на превозници.
Светска Банка пресмета дека камионџиите губат огромен број часови годишно чекајќи на премините на земјите од Западен Балкан. Дали тоа значи дека се недоволни напорите за отстранување на пречките во трговијата меѓу државите? Колкави штети предизвикува непотребното чекање на границите врз транспортниот превоз?
-Проценката на Светска банка за изгубени 26 милиони часови годишно на превозниците заради чекање на граничните премини е точна и е присутна поради немање соодветни гранични премини со повеќе ленти за ТМВ и специјалниот закон за работно време на мобилните работници ( возач), односно АТПЕ спогодба при што постои одредено задолжително време за возење, пауза и дневен и неделен одмор. Намалениот обрт при реализација на превози кај македонските превозници значи во просек губење на 3-4 превози месечно зависно од маршутата на која сообраќаат. Поради ова е и незадоволството кај професионалните возачи кои се почесто одат да работат во државите членки на ЕУ затоа што нема граници на територија на 27 држави. Ова е нелојална конкуренција која влијае на недостатокот на професионални возачи кои допринесува за нефункционалност на превозните средства во одредени периоди од една календарска година, немање на стручен квалификуван кадар преку средносто образование ( укинат е смерот – возач ), немање на програми за привлекување на млади кадри и сл., проблем кој засега не е решен со системски мерки од државата.
Словенија најави гранични контроли со Хрватска и Унгарија, а претходно тоа го сторија и Хрватска и Србија. Што значи тоа од аспект на време и пари?
–Реакцијата на Словенија е како резултат на предходно слични забрани и контроли кој ги спроведоа прв пат Хрватите, а од оваа година и Србите, но се тоа е на штета на превозниците и на економијата во целост, затоа што се работи за не стандардни мерки кои се спроведуваат од сите страни, наместо да се пристапи кон проширување со дополнителни ленти на граничните премини , да се обезбедат оне стоп контроли , да се почитува Т1 /Т2 документи кои се финансиски гаранции низ сите држави каде се движат возилата , дека државата приемник на стоката ќе ги наплати финансиските давачки, а контролите да се сведат на принципот црвено / зелено , односно да се прави селекција на пратки кои треба да се контролираат , односно главната контрола треба да е на местото на увозно царинење на стоката земена за превоз.
Иднината на иницијативата Отворен Балкан е се почесто прашање во јавноста.Иако поминаа неколку години од промоцијата на бенефитите на овој процес, очигледен е проблемот со немање доволно инфраструктура на границите ниту доволно коридори за да се зголеми нивото на либерализација на трговијата.Како ги коментирате моменталните случувања со Отворен Балкан?
-Генерално ние како асоцијација го подржуваме проектот ОПЕН БАЛКАН , но истиот треба да се реализира што е можно побргу се со цел да се отвори еден поголем транспортен пазар кој нема да е оптеретен со мал број на меѓународни транспортни дозволи како лимитирачки фактор за пристап на пазарот, да се воведат договори за каботажа по принципот на ЕУ за да се намали можноста да се злоупотреби слободниот пазар на територија на секоја држава пооделно. Ефектите од овој проект ќе се почуствува доколку се забрзааат процесите, со соодветни контролни мерки за здрави конкурентни односи , а пред се укинување на нефункционалните гранични премини.
К.В.С.