Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо, со скептицизам гледа на клубовите кои се борат
за место во средината на табелата во Премеир лигата. Претходно беше објавено дека Мурињо е
еден од кандидатите за функцијата тренер во Њукасл., откако место остана испразнето по
заминувањето на Рафаел Бенитез.

– Мојата задача е секогаш да играм за да победам. Не сакам ако е поинаку. Кога тимот губи, тоа е
проблем за мене. Се разбира, ова е проблем за играчите, клубот … Би сакал да работам во проект
каде што ќе има чувство дека играме за да победиме. Да, можете да ми понудите договор за 10
години и да ја поставите задачата да го освоиме седмото или осмото место, но ова не е за мене.
Мојата цел е да се борам за врвот, изјави Мурињо во интервјуто за „Гласот на тренерот“.
Педесет и шест годишниот Мурињо е без тренерски ангажман од декември минатата година кога
доби отказ од Манчестер јунајтед. Претходно работеше во Челзи, Реал Мадрид, Интер, Порто, Леира
и Бенфика.