Мурињо го критикуваше Јунајтед и даде совет како да се чува Меси

од Vlatko K
108 прегледи

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е разочаран од играта на тимот во
одбрана во реваншот против Барселона од четвртфиналето во Лигата на шампионите. „Црвените
ѓаволи“ отстапија со 0:3 и отпаднаа по пораз и во првиот натпревар со 0:1.


„Тимот направи многу грешки. Многу голови паднаа после ужасната игра во одбраната – особено
при обидот за запирање на фудбалерот при контролата на топката, со нога кон внатрешноста на
теренот. Видете го погодокот на Филипе Кутињо, видете го дури оној на Лионел Меси“, анализира
Жозе пред „RT Sport“.

Португалецот даде свое мислење и за справувањето со Лионел Меси и ги истакнаа разликите
помеѓу двата натпревари. На „Олд Трафорд“ генијот од Росарио не блесна со ништо додека потоа во
Шпанија реализира два погодоци, а едниот беше по грешка на Давид де Хеа.

„Во двата натпревари, пристапот на Јунајтед беше поинаков. Во првиот дуел тие се обидоа да ја
засилат централната зона, бидејќи лесно е да се погоди позицијата на Лео, но тешко е да се
неутрализира со изградба на кафез околу него. Во Манчестер, домаќините ја заситија средината на
теренот, и кога Меси се повлече од крило до центарот, Фред и Скот Мектомини го чекаа. Сепак, на
реванш-средбата, Јунајтед се обложи на почетокот на понапаѓачки фудбал, бидејќи губеше со 0:1 во
вкупниот резултат. Пол Погба стоеше лево, Мектомини беше позициониран десно, а Џеси Линггард
оперираше како бр.10 зад напаѓачите. Така само Фред беше пред одбраната. И тогаш Меси веќе
беше еден на еден против него. И кога Меси е со топка во таква ситуација, ти си мртов. Затоа
никогаш не ми се допаднала варијантата со личен чувар на Лео. Треба да се стави во кафез. Но,
генерално, Барселона е Барселона – тие имаат подобар тим од Манчестер Јунајтед и нормално е
дека тие победија“, рече Мурињо.