Од ден на ден се појавуваат нови, шокантни изјави на Флорентино Перез. Сега Месут Озил е на удар, а се споменува и Жозе Мурињо …
Се подготвува правна војна, а додека се чека, од ден на ден се појавуваат нови скандали од Флорентино Перез.
Првиот човек на Реал е нападнат од весникот „Ел Конфеденсиал“, кој редовно објавува снимки од разговори и неговите скандалозни изјави. Тој најави тужба против нив, иако е од мала корист по сè што можеше да слушне јавноста.
Така се појави уште една шокантна изјава за периодот кога Жозе Мурињо беше тренер на Мадрид, а се однесува на Месут Озил.
„Озил се вљуби во модел од Милано. Мурињо му рече „целиот тим на Милан, целиот тим на Интер и целиот стручен штаб спиеја со твојата девојка. Мислам дека Озил раскина со неа по таа изјава“, вели Перез .
Некои таблоиди пишуваа за тоа тогаш. Наводно станува збор за венецуелскиот модел Аида Јеспика.
„Месут имал 21 година кога дошол со девојката, но тој брзо ги открил тајните на Мадрид и го сменил својот животен стил. Тој во тоа време ја избркал девојката и ја заменил со модел. Со приватниот авион летал до неа да „заврши работа“ и се враќал“, рече Перез.