171
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо не се откажува од идејата да го ангажира дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баjи. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска е миленик на Специјалниот уште од неговото време на „Олд Трафорд“ и сега сака повторно да соработува со него, тврди стручњакот за трансфери Џанлука ди Марцио.
28-годишниот Баји долго време е резерва во Манчестер Јунајтед и клубот е склон да се раздели со него. Минатата сезона забележа само 4 настапи во Премиер лигата. Фудбалерот има договор до 2024 година со опција за продолжување на уште една година.
Желбата на Рома е да го ангажира дефанзивецот на позајмица со опција за откуп. Јунајтед би сакал директна продажба за мала сума, но можеби ќе ја прифати и понудата на „волците“.