Конте во зима тргнува по дефанзивец на Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba

Новиот менаџер на Тотенхем, Антонио Конте го насочил вниманието кон дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи, објави денеска Сан.

Италијанскиот тренер сака да привлече двајца централни дефанзивци во зима за да го зголеми својот избор во одбраната, бидејќи се потпира на шема со 4 во одбраната.

27-годишниот дефанзивец не добива многу шанси на „Олд Трафорд“ и поради оваа причина најверојатно ќе сака да си замине во јануари.

Конте беше заинтересиран за него додека беше на чело на Интер, но тогаш не беше привлечен. Сега, сепак, многу е можно двајцата на крајот да се сретнат во Лондон.

Слични содржини