Мурињо за шансите на Ајакс во ЛШ: Ништо не им дојде лесно

од Vlatko K
95 прегледи

Жозе Мурињо верува дека од Барселона ја завршиле својата работа уште во првиот дуел против
Ливерпул и се сигурен финалист во Лигата на шампионите. Португалецот сепак не може да даде
конкретна прогноза за другиот дуел, откако Ајакс го победи Тотенхем во Лондон со 0:1.


„Многу ми е тешко да кажам на 100%. Гледајќи во историски план на турнирот, Ајакс е подобар во
гостувањата, отколку дома. Тимот освои три пати веќе во оваа кампања – во Англија, Шпанија и
Италија, тие играа против тимови од водечките првенства, дури против Бенфика – ништо не дојде
лесно за нив, тие се претставија импресивно“, вели Мурињо.

„Дома, тие наметнуваат својот стил на игра, но тоа ќе го направи и Тотенхем, а „петлите“ знаат дека
можат да продолжат кон финалето. Да играш без Хари Кејн е тешко – да играш без Кејн и Сон во
ист натпревар е уште потешко и на реваншот барем Сон ќе биде на теренот. Тој е агресивен играч,
брз и може да го казни секој празен простор, па дуелот е отворен“, смета Португалецот.

„Тешко е да се поверува дека тимот ќе испушти повторно предност од три гола, откако Рома го
надмина ова големо заостанување минатата година. Знам од лично искуство дека на „Енфилд“ е
многу тешко, тимот се претставува одлично дома, но ако Барселона даде гол на реваншот, треба да
прими пет, за да е аут од турнирот. Сметам дека тоа е премногу голема предност и дека Барселона
е гладна за трофејот. Меси е човекот кој ја прави разликата во секој натпревар. Тие ја сакаат
Лигата на шампионите повеќе од сè“, прокоментира екс тренерот на Јунајтед за мечот Ливерпул –
Барселона.