Муртезани: На наша кожа ја почувствувавме методологијата за проширување на ЕУ

-Промените би решиле голем дел од нашите грижи или тоа што ние сме ги посочиле како проблеми во нашето пристапување, рече Муртезани

од Nikola Popovski
23 прегледи Фото: Фејсбук профил на Орхан Муртезани

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани го повтори ставот дека методологијата за проширување на ЕУ треба да претрпи одредени промени бидејќи, како што вели, не само затоа што сме го почувствувале на наша кожа туку тоа станува пракса и штети на стратешкиот интерес на ЕУ.

Според него, на таков начин се остава простор за злоупотреби за билатерални интереси во процесот на пристапувањето.

-Во времето кога е дефинирана методологијата, ЕУ била друга и околностите биле други. Сега геополотичките околности се сменети и мора да се воспостави методологија која ги овозможи брзо заокружување на процесот во овие услови на голема неизвесност. Промените би решиле голем дел од нашите грижи или тоа што ние сме ги посочиле како проблеми во нашето пристапување, рече Муртезани на прес-конфереција со делегациите од Република Австрија и Република Словенија, кои престојуваат во работна посета на земјата, а кои се предводени од австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм и државната секретарка во словенечкото Министерството за надворешни и европски прашања, Нева Грашич.