Партискиот портпарол на Алтернатива, Орхан Муртезани вечерва објави дел од причините зошто неговата партија одлучи да се приклучи на Владата.
-Историскиот момент на отворање на преговорите за членство во ЕУ и затворањето на спорот со Бугарија, кои не се само државни и политички цели, туку и албански, бидејќи се отвора патот на целиот регион. Се договоривме Владата да бара меѓународна истрага за случаите со политичка импликација, како што се Монструм, Алфа, Диво насеље, Алмир Алиу и други, информира Муртезани.
Тој додаде дека останатиот дел од преговорите биле фокусирање на обврските, што Алтернатива ќе ги преземе во Владата.
-Алтернатива е клучот за решавање на кризата. Ќе преземеме важни одговорности и важни обврски од областа на здравството, борбата против криминалот и корупцијата, енергетиката, организацијата на дијаспората, но и образованието и културата, рече Муртезани на прес-конференцијата после состанокот на Централниот совет на Алтернатива.