Мусака од зеленчук

од desk2
679 прегледи

Рецепт за вкусен ручек без месо…

СОСТОЈКИ:
600 гр жолта смрзната боранија
1 лажица масло
2 средни главици кромид
3 моркови
малку спанаќ
4 компири
1 шолја ориз
1 главица лук
зачини
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Боранијата кратко обварете ја во солена вода, па водата истурете ја. На масло пропржете кромид. Додајте малку вода и динстајте да омекне. Во тоа додајте исечкан спанаќ. Тргнете од оган.
Компирите и морковите исчистете ги, па исечкајте на кругови. Во сад наредете по редослед: половина од компирите, моркови, ориз, боранија, па другата половина од компирите.
Прелијте со вода. Додајте исчистен лук во спанаќот и иситнете го. Зачинете и прелијте преку мусаката. Печете 30-40 минути на 180-200 степени, додека водата не испари.

Слични содржини