Мусака со месо и тиквички

од desk2
181 прегледи

Направете вкусна мусака со тиквички.

СОСТОЈКИ:
500 гр. тиквички
500 гр. мелено месо
малку брашно, масло и магдонос
2 главици кромид
4 јајца
2 дл. млеко
2 дл. павлака
30 гр. печен сусам
ПОДГОТОВКА:
Се лупат тиквичките и се сечат на кришки, се става сол и се оставаат кратко.
Се пржат потоа откако ќе ги извалкате во брашно, па се редат на плех во еден ред.
Се пржи кромидот, се става и меленото месо, се пржи, се става сол и бибер, ситно сечен магдонос, па се трга од оган.
Тогаш се ставаат две јајца.
Се става во плехот ред тиквички, ред месо.
Се матат јајца во посебна чинија и се става млеко и павлака.
Се прелива мусаката.
Се пече на 200 степени половина час и горе се става сусам.

Слични содржини