Муслимански писател предупредуваат: Исламот загрозува!

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Европа! Во последниот роман “2084” Буалем Санса опишува една исламистичка диктатура која господари  над целата планета.

4754260

Никој друг, туку еден муслиман и познавач на исламскиот свет алармантнопредупредува дека Европа е загрозена од исламизацијата. Алжирски писател Буалем Санса си дозволува да изговори нешто што можеби тајно го мислат и другите. Алжирски писател Буалем Санса е автор кој ужива успех. Неговите романи  ја  нудат длабочината  и психолошките истражувања на Алжирското секојдневие, кои предизвикуваат огромен читателски интерес и тоа не само во неговата татковина. Последниот роман “2084” стана еден од најпродаваните романи на француски јазик само шест месеци откако беше издаден. За успехот на делото придонесуваат не само богатиот и живописен јазик на авторот, но и острите  наслови – “2084”, што секогаш буди асоцијации со познатиот роман на Орвел “1984” – тоа мрачно предвидување, напишано во далечната 1948 година. Како што знаеме, реалноста во 1984 година се покажа далеку не толку обесхрабрувачка-драматична како ја покажуваше фикцијата на Орвел. Во таа смисла можеме да се надеваме дека “2084” ќе биде проследено со истата судбина. Буалем Санса опишува во својот роман една исламистичка диктатура која господари над целата планета. Световната култура, плуралистичкиот, свест за релативноста на секаков ред се дискредитирани како надминати. Поместени се од слепото потчинување пред еден љубоморен Бог. Зошто романот “2084” стана бестселер?

Поради тоа што се чувствуваме привлечени од несреќата?

Од латентен расизам или исламофобијата на Французите? Или од хистеријата предизвикана од двата големи напади против “Шарл Ебдо” и “Батаклан” минатата година? Или се се должи на вештачки создадената медиумска хистерија?

Нема сигурен одговор. Ако се  потсетиме и успехот на романот “послушност” на Мишел Велбек, кој исто тги ематизира силните стравови од исламот, очигледно можеме да кажеме дека Французите се далеку поголеми песимисти од Германците во однос на мултикултурниот  соживот.

Германија – земја на оптимисти? Кој ли можеше да помисли такво нешто? Факт е дека и досега повеќето Германци се убедени дека интеграцијата на неколку стотици илјади муслимани е можна. Нај убедените поддржувачи на мултикултурализмот тука револтирани би ни плеснал: “Зошто воопшто зборувате за муслимани? Та нели тоа се само луѓе? И ќе се во праево, но само до половина, бидејќи кај нас доаѓаат луѓе кои исповедаат исламската религија. Но знаеме ли што тајат тие во своите срца? Како гледаат на отвореното општество и на толерантен однос на Германците кон културните разлики? Често одговор гласи: немаме никаква претстава.

Дали сопствената ни отвореност кон светот / во случај дека навистина ја поседуваме /, величање на различноста и културната хибридност, за која на високопарен јазик зборуваат нашите научници, навистина адекватно ја одразуваат реалноста на нашиот живот? Или се само една желба проекција? Повторно сме принудени да признаеме дека не знаеме. Рафинирано начин да се искаже нешто политички некоректно? Толку чудно е дека Буалем Санса го знае одговорот, или барем тврди дека го знае.

Роден во 1949 година Санса, кој е добитник на наградата за мир на германските книгоиздавачи , помина целиот свој живот во татковината Алжир. Не само со помош на литературната фикција тој предупредува за опасностите поврзани со исламот. Особено јасно тој го изрази своето мислење за германскиот неделник “Ди Цајт”. Заедно со други двајца муслимани – Адвокатката Сејран Атеш и исламоведот  Аслан – Буалем Санса предупредува за опасноста од исламизацијата на Европа. Толку чуден е оптимизмот на Германците. Песимистички ставови тие очигледно ги остават во рацете на некои / специјално одбрани / муслимани. Како би требало да се разбере ова? Како потисокот на нешто свесно исфрлање од нашите умови? Или како рафинирано поделба на трудот, измислено, со цел да се изрази нешто политички некоректно? Или чисто и едноставно како доказ за тоа дека мултикултурна експеримент сепак се покажал успешен, откако самите муслимани, или барем споменатите тројца се наоѓаат како најжестоките критичари на самите себе? Успехот на мултикултурното општество ќе беше уште повеќе импресивен ако критиката и самокритичност по некои теми оди не толку често линијата на етничката припадност.

————————-

Коментарот на германскиот публицист Керстен Книп е објавен во Дојче веле.