Од 90-та година еден од главните гаранти и стратешки партнери биле САД, и ако ништо друго во нивната надворешна политика има конзистентност – ако ти се пријатели и ако си во нотрмите на либералните западни општества, мислам дека од нив никогаш не фали ни помош, ни охрабрување, вели во Утрински брифинг аналитичарот и политиколог, Алберт Муслиу .
Според него САД секогаш биле суштински гарант на целиот процес.
Така што алтернативите се секакви – поголемо зајакнување на нашето партнерство со нив, па дури и можеби да станеме 51-ва земја членка на САД. Неспорно е дека Американците во нашето општество, независно од етничките линии имаат голема поддршка. Ако ништо друго покажале нешто што нам ни фали во овој процес на ЕУ интеграции, а тоа е конзистентност на партнерот. Не е ова прв проблем кој го имаме со ЕУ, но мислам дека овој пат ЕУ многу слабо се труди, своите обврски ги исполни, изјави аналитичарот додавајќи дека ова општество веќе подолго време не е европско, туку евро-атлантско и во сите битни институции на ова општество се и Канада и САД, вклучувајќи ја и ЕУ.
Тој вели дека нашите главни принципи не се косат со американското оппштество – слобода.
– Нашите општествени ориентации не се косат со главните принципи на американското оппштество – слобода, еднаковост. Исто така знаете дека имате стабилен партенр кој кога нешто ќе се договорите ќе го исполни. Ова треба да биде поттик до ЕУ да ги исполнува своите обврски, затоа што ова општество помина низ сериозни катарзи. Согласно нивниот Устав има основни принципи – федерација која се ширела низ годините и има основни приниципи кои ние ги исполнуваме, а тоа се три – Треба да имаме јасно изразена волја, ја нема сомнеж дека во Македонија во било кој референдум да се потегне за членување во таа федерација, големо мнозинство на граѓаните би биле За, второ е територијата да има капацитет на државност, што ние сме го докажале и третото е да ги прифаќаме основните принципи на нивното демократско општество кое ние го прифаќаме. И да не заборавиме дека голем дел од нашите државјани се таму стационирани. матене во било кој поголем објект, аеродром, јавна површина, ќе најдете некој од Македонија или од регионот, вели Муслиу.