323
За мене беше изненадување вчерашната прес-конференција на Никола Димитров. Тој никогаш не бил политичар, туку бил дипломат, така што за дипломат таквите зборови кои ги кажа вчера се неумерени, вели во Утрински брифинг аналитичарот Алберт Муслиу
Тој е креатор на Преспанскиот договор и на договорот со Бугарија. Да се врти водата дека се нема доверба во Бујар Османи, бидејќи е Албанец е најпогрешен пристап, рече Муслиу.
Тој додаде дека во случајот се работи за лични суети или пак за политички амбиции зошто друго толкување според него нема.
-Нашите искуства покажуваат дека дури и амбасадори во Бугарија кои сме ги имале, најхрабри потези во интерес на македонската заедница правел амбасадор кој бил Албанец, дециден е Муслиу.