Муслиу: Град Скопје е круната на локалните избори

од Берта Китинска
247 прегледи

СДСМ одреден број на гласачи изгуби со промоција на „Еднакво општество за сите“, ВМРО-ДПМНЕ ако сака да победи  на парламентарните избори  треба да ја надмине оваа идеја смета политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

Муслиу вели дека е штета  што ВМРО-ДПМНЕ нема свој кандидат за град Скопје, незавсино како го проектираат овој кандидат, бидејќи круната на локланите избори е токму победата во Скопје.

Во односн на независните кандидати политичкиот аналитичар за Утрински Брифинг објасни дека големо богатство кога на изборите има повеќе независни кандидати.

-Што поголем број на независни кандидати е богство за општеството.Но,  во овие листи не гледам стандардно независни кандидати, тука има бивши зависни кои станал независни поради недоразбирање во нивнит политички кампус, вели Муслиу.

Слични содржини