Муслиу: Граѓаните да не реагираат на политички закани

од Nikola Popovski
288 прегледи

Во „ Студио 10’’ на ТВ 24, аналитичарот Алберт Муслиу рече :„Очекувам да продолжи тензичен тон и да се вртат истите напади кои се врат 20 години. Како општество имаме проблем поради тоа што мал процент на граѓани преку социјалните мрежи го усмеруваат јавното мнение и се добива чувство дека таков е стандардот во нашето општество – чинам дека треба да се вратат моралните вредности и граѓаните воопшто да не реагираат на сите кои сакаат да наметнат било каква нелагоност и страв.’’

Муслиу рече дека во секој изборен циклус имаме намалена излезеност на граѓаните. Стратегијата на политичките партии е излгеда насочена само кон тие што сакаат да излезат на гласање а не кон целото општество. Политичките партии немаат јасен поттикнувачки говор а главната политичка порака како и досега ќе биде напад врз противничката партија

„Нашето општество е под константно бомбардирање веке 20 години. Откога политичките партии одлучија дека нема период на кампања туку ја прогласија целата година за кампања. Политичките партии се препукуваат преку медиумите и се рефлектира кај граѓаните. И дури последнава акција во Македонија за која можеме да кажеме дека дури и во другите земји не се решава толку брзо, пак се трудат некои политички лица од ова да направат конспирација и да направат нешто што граѓаните би ги втурнало кон недоверба. Суштината на мирното живеење е довербата во институците и довербата во сигурноста на граѓаните. Гледаме во светот како чувството на несигурност влијае на граѓаните и им предизвикува страв и нелагодност“, кажа Муслиу.

Во поглед на црната листа на којашто се најде и Кочо Анѓушев, Муслиу додаде дека  не верува дека е политичка причината – сигурно тоа е некоја друга причина но нашите интерни институции нека спроведат истражување.

Слични содржини