Односите меѓу ДУИ и СДСМ нема да влезат во тензија. ДУИ може да испорача нови барања, но тоа нема да оди преку медиумите или јавно, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во Утрински Брифинг, коментирајќи ги политичките случувања од вчерашниот ден.
Според него со вчерашните случувања се потврдило дека соработката со Левица е проблематичен.
-Се докажа дека контактот со Левица е проблематичен, а камо ли некоја соработка, така што Левица не влегува во комбинација за какви било разговори. Само се надевам дека нема да се појави наративот на Левица кај албанските гласачи, вели Муслиу.
Тој напомена дека очекува од пратеникот Кастриот Реџепи да излезе и да каже што се случувало.
-Вчера слушнавме тешки зборови како киднапирање, па и измачување на пратеник, тоа да му се случува на обичен граѓанин а камо ли на пратеник е страшно за државата. Очекувам дека пратеникот Кастриот Реџепи ќе излезе и ќе каже што се случувало, вели Муслиу.