Муслиу: Лошиот вкус е што ни требаат уставни промени за Втората меѓувладина конференција

од Nikola Popovski
219 прегледи

Историски ден беше во вторникот. Вреди за граѓаните да се каже дека оваа почетна фаза ја има во Албанија. И таму почна скринингот, но лошиот вкус е што за да се почне Втората меѓувладина конференција ни треба консензус на крајот со уставните измени. Не ни треба гласање од Бугарија, но ново вето не е можно. Сепак вкусот не е ист, поради тие процедури што ги започна Бугарија и непринципиелните однесувања на високи бугарски политичари, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу за одржувањето на Првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ.

Според него, за нас е важно што го почнавме процесот.

-По мое во Македонија тоа не е спорно, земајќи го предвид нашиот уставно-правен поредок, за заедниците кои се самоидентификуваат бидат претставени во Уставот, рече Муслиу и додаде:

-Ние имаме преговарачка рамка и таа не се менува во процесот. Ние сме ја прифатиле и ЕК ја изгласала. Преговорите почнуваат со одржување на Првата меѓувладина конференција. Условно кажано ние и да смениме Уставот после три месеци, пак нема да почнеме со преговори, додека не го завршиме скринингот. Се зависи од него, тоа е поврзано, кажа аналитичарот во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини