320
„Не сум голем поддржувач на ваквите комбинаторики и изјавите на Заев. Пржинската влада беше потребна еднаш и доволно е“, смета политичкиот аналитичар, Алберт Муслиу во гостувањето за емисијата „24 анализа“.
Според него, редоследот е логичен, после добиеното мнозинство.
„Добиената поддршка, Заев немаше да ја помине со 60 пратеници. Од друга страна, ако се бара сега доверба, ВМРО-ДПМНЕ треба да обезбеди 61 пратеник. Помирувањето кај нас не оди само преку широка влада. Ние сме константно во транзиција од 90-та наваму и константно во чувствителни периоди и ние како граѓани не можеме да влеземе во мирни води“, рече Муслиу.
Според него, оваа идеја не ја започна премиерот Заев, туку опозицијата.