357
„Пораките од американската амбасада имаат ефект кај албанските политичари, така да и да сакаат, повеќе од два дена не може да ја опструираат амандманската расправија во Комисијата. Таа може да трае три дена максимум и се ќе заврши. Кворум за гласање има“, вели политичкиот аналитичар, Алберт Муслиу за денешната средба меѓу американската амбасадорка Кејт Брнз и лидерите на Алијанса на Албанците и Алтернатива.
Според него, поентата е дека јазолот кој беше во последните месеци не може да се одврзе за ден или два.
„Има работи кои се недоречени со коалицијата АА и Алтернатива. Сепак, верувам дека во оваа фаза нема да играње и договорот за одложување на пописот ќе важи“, смета Муслиу.