Муслиу: Пратениците се однеусваат како да се на пазар, Законот за ЈО мора да се донесе

од Viktor Jovanov

Законот за Јавно обвинителство е дојден во парламент да видиме кој каква мака има. Порано беше едните ќе излезат ќе кажат едно другите, друго. Не можевме како граѓани да видиме кој што мака има. Ова денеска што се случува во Собранието, дебатата на кое ниво е сведена, е тажно. Тенденцијата беше јасна овој закон да не дојде до распуштање на Собранието. Но мораме да им покажаме на нашите евроа-атлански партнери дека сме способни да го донесеме законот, а со тоа и правда во државата, изјави политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

-Дојдовме до цајкнот, овој закон мора да се донесе. Тажно е што не видовме парламентарна атмосфера. Ова денеска е како на пазар да се излезени, повикуваат на разни чувства, емоции. Такви изјави пратеник не треба да дава. Го спуштија нивото на зборување, но тоа е поради личните маки кои ги имаат, вели Муслиу.

Тој додава дека кај опозицијата приоритет е невладеењето на правото, односно дека некој може да направи нешто и да не одговара.

-Тие се свесни за сите делови од законот, и дека тој мора да се донесе, вели Муслиу.

Слични содржини