„Дел од Бугарите се против ова што ни го правеше претходната бугарска власт. Резултатите на изборите укажаа дека Каракачанов не го помина прагот за влез во Собранието, што значи дека како општество, тие не се за подигнување на тензии меѓу двете заедници“, изјави политичкиот аналитичар, Алберт Муслиу за емисијата „24 анализа“.
Тој потенцира дека не е оптимист дека нашата земја ќе ги започне преговорите со ЕУ во месец јуни.
„Несреќата е што во Бугарија не е формирана влада и затоа сум оптимист дека по нејзиното формирање, некаде во јули, ќе има раздвижување, не во смисла на решавање, туку по европски терк – модел на две вистини. Како пример е случајот во Македонија, каде за битното прашање од 2001 година, најголемите етнички заедници гледаат различно, но сепак општеството се развива и соживотот е возможен“, вели Муслиу, додавајќи дека во дипломатијата се користи се што е на располагање, па од таму и затоа беше таква досегашната реторика на Бугарија во однос на нас.