Муслиу: Се сложувам дека плата од 24.000 илјади денари се малку пари

од Nikola Popovski
403 прегледи

Како што не беше во ред Синдикатите да служат само за да го слават Први мај по излети, исто така треба да бидат спремни да се ангажираат да го регулираат секторот. Се сложувам дека 18, 20, 24 илјади плати се малку пари, тој минималец, па се претпоставува дека двајца треба да бидат за да може семејството да преживее, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу говорејќи за протестот на СОНК.

Според него, со новиот попис треба да се рационализира образованието.

-Ние сме изгубиле 250.000 резиденти и треба за толку луѓе треба да има помалку услуги во образование и наука. Тие пари кои ќе останат, да ги вратат во образование, да ги зголемат платите. Треба малку здраворазумно да седнат и да преговараат, а не да се мерат кој е појак и кој нема да попушти. Владата е должна да ги обезбеди тие услуги, вработените да ги работат тие услуги  и граѓаните да имаат бенефит од тие услуги, рече Муслиу.

Слични содржини