Муслиу: Умерениот тон на Ковачевски и Петков е не давање „материјал“ на оние кои сакаат ги зголемат тензиите

од Берта Китинска
400 прегледи

Односите изминатите две до три недели помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и бугарскиот премиер Кирил Петков дипломатски се смирија. Тие почнаа да се обраќаат со умерен тон за да ја зачуваат страната која им е потребна, како и да не предизвикуваат тензии и во македонското и бугарското општество, вели аналитичарот Алберт Муслиу во изјава за „Локално“.

-Сметам дека тоа е мудар потег со цел да не им се даде „материјал“ на оние кои сакаат да навлезат во тие односи и сакаат да ги зголемат тензиите, појаснува тој.

Тој потенцира дека наративот на бугарските политичари не е неприфатлив бидејќи зборуваат за човекови права за уставни промени, но Декларацијата во парламентот е таа која им ги кочи можностите.

-Од внатрешно политички причини гледаме дека бугарските интелектуалци кои се самосвесни зборуваат дека ова што се прави е претерано и не ги подобрува односите кај двата народа така да мислам дека во случај да има средба помеѓу Радев и Петков со Макрон, францускиот преседател со својот авторитет ќе се потруди да им даде чесен изглед од оваа ситуација, вели аналитичарот.

Во врска со можноста за предвремени избори, во случај доколку не се крене ветот во јуни , Муслиу децидно вели дека тој потег не одговара на стратешките партнери.

-Ќе видиме дали опозицијата со својот протест ќе успее да изврши притисок врз општеството.Но, сметам дека нема да има предвремени избори бидејќи за нив сепак мнозинството ќе одлучи вели, аналитичарот.

Нема услови за мојата посета на Франција

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска информираше дека нема услови за посета на Франција.

-Нема напредок по отворените прашања меѓу Софија и Скопје, затоа нема услови за мојата посета на Париз кај претседателот Макрон. Сакам да видам реални резултати, ја ценам ангажираноста и напорите на нашите европски партнери, рече Радев.

Петков вчера во Брисел изјави дека не може да потврди ниту да соопшти кој е поканет кај Макрон. Тој додаде дека темата Македонија е во рацете на дипломатите.

-Се врши многу голема работа на ниво на Министерствата за надворешни работи, за да се видат сите можности за напредок по темата за Северна Македонија. Не можеме да потврдиме ништо во однос на чекорите. Но она што го потврдувам, за да се избегнат секакви шпекулации, пред што и да се направи, независно што ќе се договорат дипломатите, се ќе оди низ Собранието и Собранието е последната инстанца и нема да има ништо тајно или скриено пред бугарскиот народ, одговори Петков на новинарско прашање.

Радев коментирајќи ја оваа изјава на Петков денеска изјави дека внително ги следел позициите на партиите.

Б.М.

Слични содржини