Граѓаните го финансираат целиот процес во земјата. Буџетот е вреќа со пари, која владата ја менаџира и со тоа сите потреби на граѓаните се труди да ги исполни колку што може. Ако ние како општество бараме да се интервенира во земјоделството, тогаш треба како држава треба да помогнеме. Не го полнат Буџетот од Владата сами, туку се полни од реалниот сектор. Реално дека 18.000 денари плата е тешко да се преживее, уметност е тоа, но таа уметност ја поминуваме 30 години во регионот, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во емисијата „24 анализа“ околу штрајкот на СОНК.
Тој прашува каде е тука дефектот?
-Реално треба да се дигнат платите, но треба да одлучиме како општество каде е проблемот. Малку е избран штрајкот кај градинките, затоа што децата нема кој да ги згрижи и тоа директно влијае врз родителите. Ако одлучиме како општество дека повеќе треба да се финансира во образованието, тогаш ќе кажеме дека ќе исклучиме малку пари од земјоделство, социјала, помош за економија и ќе ги ставиме во образование или ќе се задолжиме. Ние гледаме политика и сите ја политизираат работата. Најголем проблем е во основните и средните училишта под локалната самоуправа, вели Муслиу.