Муслиу: ВМРО-ДПМНЕ требаше да оди со свој кандидат за градоначалник на Скопје

од Nikola Popovski
314 прегледи

За мене најголемото изненадување е што за град Скопје ќе ја немаме исконската борба меѓу двете најголеми партии, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во синоќешното гостување на емисијата „24 анализа“.

Според него, додека СДСМ излезе со свој кандидат, најголемата опозициска партија поддржи независна кандидатка.

-Мислам дека тука е изненадувањето за мене на овие локални избори. ВМРО-ДПМНЕ требаше да оди со свој кандидат за Скопје, потенцира Муслиу.

Тој додава дека во оваа изборна кампања атмосферата ентички ќе биде помирна и понетензична, а граѓаните ќе се фокусираат на важните прашања.

-Опозицијата ќе се труди да наметне национални прашања во политичкиот дискурс, а власта ќе се концентрира на поконкретни проекти“, смета Муслиу.

Слични содржини