„Идејата на Заев е да понуди промени и тие промени ќе видиме како ќе одат. Ова вчера што се случи се промени со подновување, што значат и нови идеи“, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу за емисијата „Топ тема“, коментирајќи ги вчерашниот случувања на партискиот конгрес на СДСМ.
Според него, иако тоа се претежно млади луѓе, не се неискусни.
„Таму има политичари. За потпретседател е Сања Лукаревска, која веќе 4 години е на функција и каде се покажала дека добро функционира, односно има динамика. За неа не сме чуле дека се случило нешто лошо во институцијата што ја води. За секретар за меѓународна соработка е избран Бојан Маричиќ, кој соработува со меѓународни организации и има многу долга листа во своето портофолио. Тој не е неискусен“, смета Муслиу.