Муслиу за Пауновски: Ја прекршил хиерархијата, владините политики се за сите државни органи

од Nikola Popovski
604 прегледи

„Јас мислам дека ја прекршил хиерархијата која стои во Владата и не може да нема субординација“, смета политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, коментирајќи ја најавата на премиерот Зоран Заев дека ќе биде разрешен директорот на ДПИ, Стојко Пауновски.

Според Муслиу, владините политики се за сите државни органи.

„Секој кој сака свои идеи да промовира може да излезе од државните институции и да направи свои политики или инспекторати“, смета аналитичарот, во изјава за „Утрински брифинг“.

Премиерот Зоран Заев денеска треба да има средба со инспекторите од Државниот пазарен инспекторат во врска со нивната петиција против разрешувањето на директорот на ДПИ Стојко Пауновски.

Средбата, како што најави Заев, ќе биде пред одржувањето на седницата на Владата на која ќе се одлучува за разрешување на Пауновски, откако тој не ја спроведе владината одлука за ангажирање вработени според К 5 програмата, согласно со Рамковниот договор, а кои треба да бидат распоредени на работни позиции.

Премиерот вели дека Пауновски бил писмено известен за сите детали и информации во врска со оправданоста и начинот на распределбата и за тоа дека не ја почитува законската обврска за преземање на дел од нераспоредените административни службеници.

Слични содржини