Муслиу за зелената агенда на ДУИ: Ахмети знае што прави, Мерко и Арифи ќе мораат да го слушаат

од Nikola Popovski
447 прегледи

„Ахмети докажа годиниве дека секогаш кога нешто ќе промовира со една реченица, на крај ќе излезе со стратегија што му успева“, вели политичкиот аналитичар, Алберт Муслиу за емисијата „Студио 10“, коментирајќи го ребрендирањето на ДУИ.

Според него, истражувањата на ДУИ укажале дека главна целна група треба да бидат младите.

„Досега само една парија сме имале која биле сконцентрирани на оваа тема, но таа не успеваше да го зголеми контото на гласови. Политичкиот опоненти на Ахмети треба да бидат внимателни, затоа што секогаш кога сме имале некоја скепса во однос на неговите стратегии, резултатите му оделе во прилог. Што се однесува до градоначалниците Мерко и Арифи, тие ќе мораат да го слушаат својот лидер“, потенцира Муслиу, додавајќи дека зелената агенда била изненадување на европските избори за ЕП, каде сите биле сконцентирани на избори на десничарските партии, а најголемото изнеадување го направиле зелените партии.

Слични содржини